Согласно заклучокот од состанокот на Главниот координативен штаб на Владата на РСМ за справување на ситуацијата со ширење на коронавирусот, Министерството за здравство се задолжи да донесе соодветен правен акт со кој ќе се одложат сите сиcтeмaтcки здравствени прегледи кои работодавачите ги спроведуваат и организираат за работниците.

Врз основа на тој Заклучок, Министерството за здравство со Решение бр.17-2614/1 од 19.03.2020 г. со кое се одлагаат здравствените прегледи (систематски, претходни, нaсочени и периодични) на вработените согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Во истото Решение стои дека времето на отпочнување со вршење на прегледите дополнително ќе биде утврдено.