Владата на РСМ во Службен весник бр.97 од 09.04.2020 ги објави измените во Уредбата за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОT СЕКТОР  погодени од кризата со вирусот Covid-19,  за исплата на плата за Април и Мај 2020 година.

Како и претходно што беше нагласено, целта на овие мерки е директна помош на компаниите засегнати од новонастанатата ситуација и задржување на работните места.


Уредбата ги менува следниве услови и ограничувања:

1. На Управителите/основачите на друштвата кој се вработени во истите им се дозволува да ја користат мерката без никакви ограничувања.

    2. Бројот на вработени друштвото има услов да го задржи 2 месеци по користењето на мерката, а не 4 месеци како што беше претходно пропишано.




      НАПОМЕНА

      Измените влегуваат во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија“,односно на 09.04.2020 година.



      Извор: Влада на РСМ