Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари. Истотака со предложениот закон, се врши и зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од досегашните 1.000.000 денари на 2.000.000 денари. Предложените законски измени ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.