Лазарев Акаунтинг ДООЕЛ, претставува
лиценцирано сметководствено биро кое
нуди услуги од областа на сметководството,
финансискиот и даночниот консалтинг.
Нашиот тим е препознатлив по професионалниот
пристап кон работата и градење на долгорочни релации со клиентите, фокусирајќи
се на разбирањето на нивните цели и потреби.
Нашата понуда вклучува широк спектар на услуги од областа на
сметководството, даноците, планирањето, организацијата и контролата на вашиот
бизнис, проследено со професионална дискреција и доверба во решавањето на
деловните проблеми и подршка во деловниот развој.
Точната и навремена сметководствена информација е од витално значење за
вработените, деловните менаџери и сопствениците
на секоја деловна единица која се стреми кон раст и развој.
А заедничкиот раст и развој заедно со нашите клиенти е наша единствена цел
и задоволство.