Финансиска поддршка

ИЗМЕНИ НА УРЕДБАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ

Владата на РСМ во Службен весник бр.97 од 09.04.2020 ги објави измените во Уредбата за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОT СЕКТОР погодени од кризата со вирусот Covid-19, за исплата на плата за Април и Мај 2020 година.

Како и претходно што беше нагласено, целта на овие мерки е директна помош на компаниите засегнати од новонастанатата ситуација и задржување на работните места.

Уредбата ги менува следниве услови и ограничувања:

1. На Управителите/основачите на друштвата кој се вработени во истите им се дозволува да ја користат мерката без никакви ограничувања.

2. Бројот на вработени друштвото има услов да го задржи 2 месеци по користењето на мерката, а не 4 месеци како што беше претходно пропишано.

НАПОМЕНА

Измените влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“,односно на 09.04.2020 година.

Извор: Влада на РСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *