Јавен повик

ОБЈАВЕНА НАЈАВЕНАТА НОВА КРЕДИТНА ЛИНИЈА НА РАЗВОЈНА БАНКА COVID 19

ЈАВЕН ПОВИК БР.1, COVID 19

ЈАВЕН ПОВИК БР. 1
за поднесување на апликации за директно кредитирање на микро, мали и средни
претпријатија регистрирани во Република Северна Македонија од
Компензационите фондови од странска помош

I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Компензационите фондови од странска помош (Италија, Јапонија и друга странска помош) , за директна поддршка на микро, мали и средни претпријатија кои се регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства.
Вкупниот износ на расположиви средства за овој јавен повик изнесува 492.000.000,00 денари.

II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Средствата од Компензационите фондови од странска помош, за директно кредитирање на микро мали и средни претпријатија ќе се доделуваат под следните услови:

Намена на кредитот:
За обртни средства.

Износ на кредитот:
Износот на кредит којшто се одобрува во зависност од бројот на вработени. Кредитобарателот може да аплицира и да му се одобри максимален износ на кредит пресметан по следната формула:
14.500 денари х 3 месеци х број на вработени

Максимален износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде под 184.500 денари.

Исклучок од начинот на пресметка на максималниот износ на кредит се:
– претпријатија до 5 вработени кои може да аплицираат за кредит од 184.500 денари и
– претпријатија со вработени од 128 до 250 вработени коишто може да аплицираат за кредит за износ до 5.535.000
денари.

Бројот на вработени со состојба на 31.01.2020 го потврдува овластеното лице, управител на кредитокорисникот, со Изјава објавена на веб страната на банката.

Начин на пласирање:
− Директно до кредитокорисникот.

Рокови на отплата:
− До 3 (три) години со вклучен грејс период до 12 (дванаесет) месеци. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши квартално.

Критериуми за одобрување:
Квалификувани кредитокорисници се микро, мали и средни претпријатија кои се регистрирани во Република Северна Македонија, со број на вработени до 250 лица, и коишто ги исполнуваат следните критериуми:
 да се регистрирани во Република Северна Македонија;
 да се најмалку 51% во приватна сопственост;
 да немаат неплатени даноци и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и
придонесите во согласност со посебните прописите од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат заклучно
со 31.01.2020 година;
 да не се во постапка на стечај или ликвидација;
 да работат подолго од шест месеци и имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар на Република
Северна Македонија;
 согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главнина и резерви (наведен во билансот на
состојба) не помалку од 33% од износот на бараниот кредит;( не се пресметува за трговци поединци )
 согласно податоците од кредитен регистар на Народна Банка на Република Северна Македонија со состојба на
31.01.2020 година, се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност)
или коишто немаат обврски кон банките;
 показателот за степенот на финансиска задолженост на компанијата треба да е помал од 5.0, а се пресметува како
сооднос меѓу вкупни обврски по заеми и кредити/ главнина и резерви.
Показателот се пресметува врз основа на податоците во биланс на состојба од последната фискална година и
овој показател не се однесува на Трговец-поединец;
 Намалување на приходот на кредитобарателот за повеќе од 30% во тековниот период може да се утврди на еден од
следните два начини:
(а) Податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година, споредено со приходите од
истиот месец во 2019 година;
или
(б) Податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година, споредено со просечниот
месечен приход во 2019 година (вкупен приход / 12 месеци).
За претпријатија што работат помалку од 12 месеци, падот на приходите се утврдува со споредба на
податоците за приходи од последно расположливиот месец во 2020 година со просечниот месечен приход
за месеците на работење (вкупен приход / месеци на работење).
Овие податоци се пополнуваат задолжително во соодветното поле во образецот Апликација за кредит.

Каматна стапка за крајните корисници:
Каматната стапка за кредитокорисниците се утврдува фиксно од 0% на годишно ниво. РБСМ нема да наплаќа провизија од кредитокорисникот за обработка наапликациите за кредит.

Обезбедување:
Меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на кредитокорисникот, со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула.
Трошоците за воспоставување на обезбедувањето се на товар на кредитокорисникот.

Останато:
РБСМ во име и за сметка на Владата на Република Северна Македонија по одобрување на средствата, ќе склучи договор за кредит со кредитокорисникот.

III. СУБЈЕКТИ КОИ ИМААТ ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА КРЕДИТ

Право на поднесување на апликација за кредит имаат сите квалификувани кредитобаратели согласно овој повик, правни субјекти од сите дејности, микро, мали и средни претпријатија кои се регистрирани во Република Северна Македонија и се со максимален број на вработени до 250.

IV. ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Задолжителна документација која заинтересираниот субјект е должен да ја достави на јавниот повик е следната:

 Апликација за кредит (образец објавен на веб страницата на банката);
 Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката);
Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката);
Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката);
Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката);
Изјава за број на вработени со состојба 31.01.2020 година (образец објавен на веб страницата на банката);
Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31/01/2020(Барањето за издавање на Уверение
за платени даноци и придонеси се поднесува исклучиво електронски преку системот е-даноци,
линк:https://etax-fl.ujp.gov.mk/, а УЈП известува за точно време на подигнување)верение за платени даноци и
придонеси заклучно со 31.01.2020 година);
ЗП образец (образец за заверен потпис),
Тековна состојба не постара од 6 месеци (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го испрати
заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар);
Листинг од завршна сметка за 2019 година (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го испрати
заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар);
Доказ за немање постапка за стечај и ликвидација (Доколку кредитобарателот го има документот, може да го
испрати заедно со апликацијата, во спротивно РБСМ ќе го прибави од Централен регистар).

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА

Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот „прв дојден, прв услужен“.

VI. ИЗГОТВУВАЊЕ И ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА КРЕДИТ

Апликацијата за кредит со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: kreditiranjecovid2@mbdp.com.mk

Апликацијата за кредит е задолжителен документ и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Апликација за кредит.
Апликацијата за кредит има задолжителни полиња кои мора да бидат пополнети, доколку не се пополнети Апликацијата за кредит се смета како нецелосна и истата се обработува по целосно пополнување од страна на барателот на кредитот.

Апликацијата за кредит и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, треба да бидат пополнувани електронски и истите може да бидат потпишани и со дигитален сертификат.

Во насловот (Subject) на е-маилот со кој се доставува Апликацијата за кредит и задолжителната документација, да биде наведено краткото име на компанијата како што е наведено во тековната состојба со латинично писмо во формат – IME NA KOMPANIJA DOOEL/DOO/TP Grad.
Доколку апликацијата се доставува во две или повеќе пораки, насловот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака: IME NA KOMPANIJA DOOEL/DOO/TP Grad, без други додатоци во насловот (Subject) на пораката.

Прилозите не треба да надминуваат големина од 10MB и треба да бидат доставени во прилог како .zip или .rar формат. Не се препорачува достава на прилози на платформи како GoogleDrive или WeTransfer.

Кредитобарателот може да достави само една Апликација за кредит.

VII. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Апликациите за кредит по јавниот повик се доставуваат во рок од 15 дена сметано од 29.04.2020 година (среда) од 00:01 часот, поради електронскиот начин на аплицирање.
Документите кои се доставуваат на јавниот конкурс се неповратни.
Неадекватните и некомплетни апликации за кредит нема да се разгледуваат.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на апликациите за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на Апликација за кредит.
Банката нема да ги известува барателите на кредит за одбиените апликации за кредит.
Сите информации и обрасцци поврзани со јавниот повик се објавени на веб страната на банката https://www.mbdp.com.mk

Напомена:
Склучен е договор помеѓу ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР И РАЗВОЈНАТА БАНКА за помош на апликантите за Втората кредитна линија(На апликантите ке им бидат обезбедени бесплатно документи од Централен регистар преку Развојна банка)
1.Тековна Состојба
2.Потврда за стечајна постапка
3.Потврда за ликвидациона постапка
4.Листинг од завршна сметка за 2019 година

Извор:Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *