УЈП

УЈП НЕМА ДА ИЗДАВА ОПОМЕНИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОКОТ И ИСТОТАКА НЕМА ДА ОТПОЧНУВА ПОСТАПКА НА ПРИСИЛНА НАПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА КАКО И ПО ПРЕСТАНОКОТ НА ТРАЕЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА ДО 30 ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Во Службен весник на РСМ број 140 од 29 мај 2020 година објавена е Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба со која се врши дополнување на одредбите пропишани со претходно донесените Уредби објавени во Службен весник на РСМ број 79 од 26 март 2020 година и во 128 од 18.5.2020 година. Со ова најново дополнување на Уредбата се пропишува дека УЈП нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за

  • даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
  • даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
  • судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *