Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување од плата за 2020 година изнесуваат:
Вид на придонес Стапка 2020
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8%
Задолжително здравствено осигурување 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%
Почнувајќи со исплатата на платата за месец јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:
- Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.
- Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.