Нови закони

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД (СТАВАЊЕ ВО МИРУВАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ВО ПЕРИОДОТ ОД 1 ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА)

Во ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.275/2019, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за личен доход со кој примената на прогресивната даночна стапка се става во мирување за период од 36 месеци, односно до 1-ви јануари 2023 година.

Со измените се утврдува следното:

  • оданочување на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход за 2020, 2021 и 2022 година по стапка од 10%;
  • оданочување на доходот од добивките од игри на среќа, по единствена стапка од 15%;
  • за доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, данокот се плаќа по стапка од 15% доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка 10% доколку ги поседувал за период од една до 10 години.
  • за доходот од капитал остварен по основ на камати на орочени депозити, данокот се плаќа по единствена стапка од 10%.
  • нови даночни ослободувања за капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд доколку имателот ги поседувал за период подолг од 10 години и надоместоци на трошоци за хотелско сместување (со категорија до четири звездички) во износ најмногу до 6.000 денари дневно и надоместоци на трошоци за превоз на лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани во функција на дејноста на исплатувачот (во земјата и во странство), врз основа на документирани докази за направените трошоци, извештај за ангажманот и документи за основаноста на ангажманот (покана, агенда, програма, договор, работен налог и сл) и со потврден временски редослед меѓу сместувањето, превозот и извршената работа;
  • оданочување на камати од орочени депозити и оданочувањето на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, ќе се применува од 1 јануари 2023 година
  • данок на доход не се плаќа за капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност, кои се стекнати со емисија на хартии од вредност реализирана како иницијална јавна понуда и
  • усогласување на прекршочни одредби со новиот Закон за прекршоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *