Нови закони

СТАПЕНИ СЕ НА СИЛA НОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување од плата за 2020 година изнесуваат:

Вид на придонес                                                                                                     Стапка 2020

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување                                          18,8%

Задолжително здравствено осигурување                                                              7,5%

Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување                         0,5%

Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност          1,2%

Почнувајќи со исплатата на платата за месец јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *