Годишен одмор

НЕИСКОРИСТЕНИОТ ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ОД 2019 ГОДИНА ДА СЕ ИСКОРИСТИ ДО 31 МАЈ 2020 ГОДИНА, ДОДЕКА ДЕЛОТ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ОД 2020 ГОДИНА ДА СЕ ИСКОРИСТИ ДО 30 ЈУНИ 2020 ГОДИНА, СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС И ОДОБРЕНИЕ НА РАБОТОДАВАЧОТ – ОБЈАВЕНА УРЕДБА ЗА ПРИМЕНА НА ЗРО ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во Службен весник на РСМ, бр. 90 од 4.4.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.
Со објавената уредба се пропишува следново:

1. За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот

2. За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот

3. Отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19

4. Роковите во кои согласно Законот за работните односи, во случај на мирување на правата и обврските од договорот за вработување и мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство и на брачниот другар, работникот има право да се врати на работа, престануваат да течат за време на траење на вонредната состојба и се продолжуваат за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *