Во Службен весник на РСМ, бр. 88 од 03.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија за време на вонредна состојба.
Минималната нето плата за месеците АПРИЛ, МАЈ И ЈУНИ останува непроменета и изнесува 14.500 денари
Напомена
Потсетуваме дека претходно во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 Министерството за труд и социјална политика го објави износот на минимална плата кој требаше да се применува во периодот април 2020 заклучно со платата за месец март 2021 година и кој требаше да изнесува 14.934 денари (21.776 денари бруто плата).
Сега со оваа владина Уредба со законска сила за месеците април, мај и јуни 2020 година останува да се применува минималната нето плата од 14.500 денари.