К15

РАБОТОДАВЦИТЕ ИМААТ УШТЕ ТРИ НЕДЕЛИ ДА ИСПЛАТАТ К-15

Работодавците имаат уште три недели, односно до крајот на декември на вработените да им го исплатат регресот за годишен одмор. Регресот за годишен одмор е законски задолжителен и работодавачите може да исплатат помал износ само во договор со работничките организации доколку фирмата годината ја заврши со загуба.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ке се движи од 9.610 – 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.

Напомена

Казните за фирмите кои нема да исплатат К-15 се големи и достигнуваат до 4.000 евра,
а контроли може да се вршат преку Државниот инспекторат за труд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *