ДДВ

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ (ЗГОЛЕМЕН ПРАГОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ НА 2.000.000 ДЕНАРИ)

Во Службен весник на РСМ број 275/2019 од 27.12.2019 година објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Позначајни новини кои се воведуваат со ова ново законско решение се следните:

  • Се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на ДДВ од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари;
  • Се скратува периодот во кој даночните обврзници задолжително остануваат во системот на ДДВ од 5 години на 3 години;
  • Се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Законот за регистрирање на готовински плаќања (“Службен весник на РМ”, бр.31/01…98/2019).
  • Се пропишува ослободување од плаќање на ДДВ на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).
  • Се врши усогласување на постојните казнени, односно прекршочни одредби со Законот за прекршоци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *