Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на додадена вредност, со кој се укинува сметко-потврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари. Истотака со предложениот закон, се врши и зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од досегашните 1.000.000 денари на 2.000.000 денари. Предложените законски измени ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.
Оваа веб страна користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб страна и помагате на нашиот тим да разбере кои делови од веб страната ги сметате за најинтересни и корисни.